Македонија У-21 од петтиот барабан ја чека жрепката за ЕУРО 2017

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година на 5. февруари на извлекување во Нион, Швајцарија ќе ги добие противниците за квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство  2017 година.

Македонската репрезентација е рангирана на 40. место на листата на УЕФА од вкупно 54 репрезентации и поради тоа е сместена во петтиот барабан со селекциите на Белорусија, Бугарија, Кипар, Литванија, Азербејџан, Казахстан, Албанија и Летонија.

Изглед на другите барабани:

Прв барабан: Шпанија, Англија, Италија, Германија, Франција, Чешка, Португалија, Холандија и Данска.

Втор барабан: Русија, Швајцарија, Шведска, Србија, Израел, Украина, Словачка, Романија и Белгија.

Трет барбан: Турција, Словенија, Австрија, Грција, Шкотска, Полска, Хрватска, Норвешка и Ерменија.

Четврти барабан: Црна Гора, Финска, Велс, Унгарија, Исланд, БиХ, Грузија, Молдавија и Република Ирска.

Шести барабан: Естонија, Фарски Острови, Северна Ирска, Луксембург, Малта, Сан Марино, Андора и Лихтенштајн.

Извршниот комитет на УЕФА на 26 јануари ќе одлучува која држава ке биде домаќин на континенталниот собир за селекции до 21 година.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска