Македонија У-19 договори два натпревара со Романија

Од:

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Романија. Првиот е закажан за утре (31 август), а вториот за 2 септември, двата на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Селекторот на Македонија, Вујадин Станојковиќ за двете пресметки ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Христијан Стевковски (Скопје), Благојче Иванов (Металург);

Одбрана: Агрон Руфати (Локомотива Загреб, Хрватска), Антонио Митрев (Балзан, Малта), Филип Антовски (Вардар), Тодор Тодоровски (Вардар), Филип Трајановски (Хакен, Шведска), Оливер Стоименовски (Работнички), Михаил Маневски (Академија Пандев);

Среден ред: Марко Ферукоски (Офенбах, Германија); Јани Атанасов (Академија Пандев), Енис Фазлагиќ (Шкендија), Стефан Богдановски (Спартак Трнава, Словачка), Дарко Чурлинов (Келн, Германија);

Напад: Филип Стојчевски (Вардар), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Марио Станковски (Работнички), Бојан Колевски (Вардар);

Македонија У-19 се подготвува за квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА елитната група квалификации. Турнирот ќе се игра во Скопје, а противници на „црвено-жолтите“ ќе бидат репрезентациите на Белгија, Швајцарија и на Лихтенштајн.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска