Македонија У-18 на турнир во Србија

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години од 13 до 15 јуни ќе учествува на меѓународниот турнир „Стеван Нештицки“ во Нови Сад, Србија.

Покрај Македонија на силниот турнир во Нови Сад ќе учествуваат ФК Војводина, Академија Пушкаш, ФК Црвена звезда, репрезентацијата на Република Српска и ФК Партизан.

Селекторот Јетон Несими за натпреварите од турнирот „Стеван Нештицки“ ги повика следните фудбалери:

Голмани: Филип Илиќ (ФК Металург) и Боби Целески (ФК Македонија ЃП).

Одбрана: Сабахудин Аломеровиќ (Академија ФФМ-ФК Македонија Ѓ.П.), Слободан Боцевски (Академија ФФМ-ФК Македонија Ѓ.П.), Дарко Дигаловски (ФК Металург), Милан Алексиќ (ФК Вардар), Игор Перчинков (Академија ФФМ – ФК Работнички) и Тела Шаип (ФК Ксамакс – Швајцарија).

Среден ред: Валентин Кочовски (ФК Академија Пандев), Стефан Јевтовски (Академија ФФМ-ФК Металург), Сабит Билали (Академија ФФМ-ФК Ренова), Мартин Мирчевски (ФК Пелистер), Реџеп Курт (ФК Академија Пандев) и Бесарт Исеини (ФК Шкупи).

Напад: Ремзифаик Селмани (ФК Ренова), Страхиња Крстевски (ФК Војводина), Петар Петковски (ФК Македонија Ѓ.П.) и Андреј Кудијан (ФК Работнички).

– Главно ова се фудбалери кои го носеа товарот од квалификацискиот циклус минатата година за пласман на ЕП до 17 години. Нашата цел е да ја е видиме формата во која се наоѓаат играчите, дел од нив настапуваат и за репрезентацијата до 19 години и сметам дека турнирот ќе биде позитивен за нас како тим. Играме два натпревари во групата со Црвена звезда и Војводина, мислам дека имаме квалитет да се бориме за влез во финалето, изјави селекторот на репрезентацијата, Јетон Несими.

Првиот натпревар Македонија го игра на 14 јуни, сабота од 9 часот, против Црвена звезда. Во попладневниот термин од 17 часот и 30 минути избраниците на Несими играат против составот на Војводина и во зависност од постигнатите резултати наредниот ден ќе се борат за пласман од првото до петтото место.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска