Христина Ристеска и Ристе Пандев се македонските атлетичари, кои ќе настапат на Европското првенство во атлетика што се одржува во Цирих.
Прва ќе се појави Ристеска, која попладнево ќе трча во квалификациите на 400 метри. Нашата атлетичарка е во групата 3. Нејзин личен рекорд е 58.44 секунди, а најдобар резултат сезонава 58.55.
Пандев настап ќе има во четврток во квалификациите на 200 метри. Најдобар резултат Пандев истрча сезонава 21.65 секунди, што воедно е и македонски рекорд.