Македонија сепак ќе одигра контролка со Норвешка

Од:

Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Норвешка на 11 јуни во Осло. За селекторот на „црвено-жолтите“ Чедомир Јаневски, натпреварот против скандинавската селекција е одлична можност нашата репрезентација да го продолжи континуитетот на добри резултати.

– Ни претставува задоволство што Норвешка го прифати барањето да одиграме контролен натпревар. Тоа е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со многу поголема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде убава можност да ја зголемиме самодовербата и конкуренцијата во тимот пред квалификациските натпревари против Шкотска и Велс, изјави Јаневски за веб страната на ФФМ.

И норвешкиот селекторот Егил Олсен задоволен од договорениот дуел со Македонија.

– Македонија е во подем, репрезентација која игра допадлив фудбал. Ја победија Данска со 3:0, потврдија дека имаат квалитетни фудбалери и навистина ќе биде вистински тест за нашите можности, изјави Олсен.

Македонија има еден нерешен резултат и еден пораз од Норвешка во претходниот циклус квалификации за СП.

На ранг листата на ФИФА Норвешка е на 27.место.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска