Македонската фудбалска репрезентација освои бод на гостувањето кај Естонија, иако на петнаесетина минути пред крајот домаќините водеа со 3:1.
Во натпревар од 3. коло Ц-сегмент во Лигата на нации, избраниците на селекторот Игор Ангеловски први дојдоа во водство со автоголот на Мартен Куск во 3. минута. Следуваа два погодока на Рауно Сапинен (33. и 61. минута). При резултат 2:1, Александар Трајковски не реализира пенал, а тоа го казни Франк Ливак исто така со удар од белата точка (76. минута) за убедливи 3:1 за Естонија.
И кога се чинеше дека домаќините ќе ги освојат трите бода, на сцена стапи капитенот Горан Пандев која најпрво намали на 3:2 во 80. минута, а потоа со неколку акции ги разигра соиграчите. Иницијативата резултираше со израмнување во 88. минута. Стрелец на третиот гол беше Ѓоко Зајков.
Нерешено, 2:2 заврши и другиот дуел од 3. коло во оваа група.
Табела: Македонија и Грузија по 5 бода, Ерменија 4, Естонија 1.