Македонија испушти 5 голови предност и загуби од Чешка, останавме без шанси за полуфинале

Од:

Македонската ракометна репрезентација денеска го заработи вториот пораз на Европското ракометно првенство, овој пат од селекцијата на Чешка со 25:24.

Македонија водеше во текот на целиот натпревар, а резултатот на полувремето беше 13:11.

Во вториот дел Македонија имаше предност и од 5 поени, меѓутоа неколку грешки на нашите репрезентативци и 4 одбрани на голманот на Чешка, Томаш Мрква придонесоа за тоа Чешка резултатски да се врати во натпреварот.

Прв пат во резултатска предност Чешка дојде во 56. минута, која што ја задржаа до крајот.

По завршувањето на 60. минути беше досуден и пенал за Македонија, но Томаш Мрква го одбрани ударот на Дејан Манасков.

Со овој резултат, Македонија има 3 поени во групата, исто колку и Словенија и нема веќе шанси за пласман во полуфиналето.

Нашите ракометари утре со Данска го играат последниот натпревар од групата во Европското првенство.

Би можело да ве интересира

Данците ја прегазија Холандија за сигурно полуфинале

А1он

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ана Ололовска

Македонските ракометари изгубија од Словенија

А1он

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Ана Ололовска

Врањеш: Македонците се силен противник, очекувам тежок натпревар

Ана Ололовска

Седмо Европско првенство и 14. учество на големите натпреварувања за македонската ракометна репрезентација

Ана Ололовска