Македонија подобра од Израел за втора победа во квалификациите за СП 2018

Од:

Македонската фудбалска репрезентација славеше победа над Израел со 1:0 вечерва во Хаифа во квалификациски дуел за Светското првенство 2018 што ќе се игра во Русија.

Решавачкиот момент на средбата од 7. коло во Г-групата се случи во 73. минута кога капитенот Горан Пандев го искористи извонредното додавање на младиот Елиф Елмас, кој натпреварот го почна од клупата за резерви.

За Пандев ова беше 30. гол во националниот дрес.

За Македонија ова беше втората победа во квалификациите и втора на гостински терен.

Во вторник во 8. коло избраниците на селекторот Игор Ангеловски во Струмица ја пречекуваат Албанија.

На другите две средби во групата бодовите останаа кај домашните селекции. Албанија го совлада Лихтенштајн со 2:0, а Шпанија во дербите беше поуспешна од Италија со 3:0.

Табела: Шпанија 19 бода, Италија 16, Албанија 12, Израел 9, Македонија 6, Лихтенштајн 0.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска