ФИФА денеска ја објави рејтинг листата за мај на која Македонија забележа пад од едно место во однос на априлското рангирање. „Црвено-жолтите“ се наоѓаат на 84.место со 441 бод.
Сите противничките репрезентации на македонските фудбалери во квалификациите за СП во Бразил се подобро пласирани.
Хрватска е на 4. место, следна е Белгија 15.позиција, Србија е 40.та, Велс е на 49.место и Шкотска која се наоѓа на 78.позиција.
Во првата десетка се: Шпанија, Германија, Аргентина, Хрватска, Португалија, Колумбија, Англија, Италија, Холандија и Еквадор.
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 6 јуни.