Македонија падна 10 места на ФИФА листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација за 10 места го расипа својот пласман на најновата рејтинг листа што денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација – ФИФА. Македонија од 73.место во март, падна на 83.та позиција за април.

Најголема причина за ваквиот пласман се поразите од Белгија во Скопје и Брисел во квалификациите за Светското првенство.

Ова е прво назадување за избраниците на селекторот Чедомир Јанвески во последните пет месеци кога македонските фудбалери одеа по нагорна линија на ФИФА листата.

Од противниците на македонските фудбалери во квалификациската група за СП во Бразил 2014, најдобропласирана е Хрватска која напредуваше пет позиции и сега е на 4.место. И Белгија направи скок, се наоѓа на 16.место или три позиции подобро од минатомесечното рангирање. Србија е 40.та, Велс 49.ти, додека Шкотска е 77.ма.

Води Шпанија пред Германија и Аргентина. Од петтото до 10 место се наоѓаат: Португалија, Колумбија, Англија, Италија, Холандија и Еквадор.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 9 мај.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска