Македонија носител на жрепката за ракометното ЕП 2020

Од:

На извлекувањето на квалификациските групи за Европското првенство 2020 година што ќе се одржи на 12 април во Трондхајм, Норвешка, Македонија ќе биде сместена во прв шешир заедно со другите носители.

Тоа значи дека Македонија нема да може да биде во иста квалификациска група со ниту една од најсилните репрезентации, што значи поголеми шанси за обезбедување пласман на континенталниот собир.

Поредувањето на репрезентациите по шешири произлегува од ранкингот на ЕХФ, кој пак се смета според резултатите од претходните квалификации и големи натпреварувања.

Состав на „шеширите“:

„Шешир 1“: Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија, Унгарија, Македонија.

„Шешир 2“: Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Холандија, Португалија.

„Шешир 3“: Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел, Турција.

„Шешир 4“: Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Косово, Фарски Острови.

На ЕП 2020 за првпат ќе учествуваат 24 репрезентации, а од квалификациските осум групи, двете најдобро пласирани од секоја група, заедно со четирите најдобри трето пласирани селекција од сите групи, ќе обезбедат учество на завршниот турнир.

Досега сигурен пласман имаат домаќините: Шведска, Австрија и Норвешка, како и актуелниот шампион – Шпанија.

Квалификациите ќе почнат во последната седмица на октомври оваа година.

Би можело да ве интересира

Данците ја прегазија Холандија за сигурно полуфинале

А1он

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ана Ололовска

Македонските ракометари изгубија од Словенија

А1он

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Ана Ололовска

Врањеш: Македонците се силен противник, очекувам тежок натпревар

Ана Ололовска

Седмо Европско првенство и 14. учество на големите натпреварувања за македонската ракометна репрезентација

Ана Ололовска