Македонија на тест натпревар со Данска

Од:

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 19 часот и 30 минути на „Национална Арена Филип Втори“ ќе одигра пријателски натпревар со Данска.

Дуелот против 23.тата репрезентација на ФИФА листата е добра можност селекторот Чедомир Јаневски да ја провери формата на своите избраници пред мартовските квалификациски средби со Белгија.

„Црвено-жолтите“ најавуваат максимално ангажирање и игра на победа без калкулации.

– Иако ова е контролен натпревар, очекувам да биде тешко, но верувам дека сите кои ќе бидеме на теренот ќе дадеме се од себе да постигнеме позитивен резултат и да ја израдуваме македонската јавност, истакна македонскиот капитен Горан Пандев во пресрет на вечерашниот дуел.

Македонија токму против Данска, тогашен европски првак, на 7 септември 1994 година во Скопје го одигра првиот официјален натпревар кој заврши нерешено 1:1.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска