Македонија на мегдан против некомплетниот Велс

Од:

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Кардиф ќе го одигра претпоследниот натпревар од квалификациите за Свесткото првенство во Бразил. Избраниците на вд селекторот Зоран Стратев синоќа тренираа на Градскиот стадион во Кардиф каде и ќе се игра дуелот. Стратев ќе има деби на селекторската клупа, а за вечерашниот натпревар веќе и го најави составот со една дилема во средниот ред.

Најверојатниот состав на Македонија ќе изгледа вака: голман Пачовски, во одбраната како бекови Стефан Ристовски (десен) и Алиоски (лев), а центархалфови Новески и Шиков, во средниот ред  Демири (во средината), Ибраими (десно), Мирко Ивановски (лево) и во нападот Пандев. Дилемата е дали Ранѓеловиќ ќе биде стартер во средината или Тасевски.

Стратев очекува дека ваквата формација ќе даде резултат и дека на крајот од натпреварот Македонија ќе се радува на победа (2:1) како што беше минатиот месец во Скопје.

Од таборот на нашиот вечерашен ривал Велс по серијата откази поради повреди стигна и најавата дека иако пропушти неколку тренинзи играчот на Арсенал Арон Ремзи сепак ќе биде во составот и заедно со Крег Белами ќе бидат најголемата опасност по нашиот гол.

Натпреварот Велс – Македонија почнува во 20:45 часот.

Од нашата група А во 18 часот се игра дуелот во Загреб меѓу Хрватска и Белгија, двете првопласирани репрезентации во групата. Белгија доколку остане непоразена ќе се пласира на Светското првенство во Бразил.

Табела: Белгија 22 бода, Хрватска 17, Србија 11, Шкотска 8, Македонија 7, Велс 6.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска