Ракометната федерација на Македонија непосредно пред стартот на Европското првенство соопшти дека пикерот Велко Маркоски го пропушта Европското првенство поради повреда на окото.
На Маркоски му биле направени дополнителни прегледи, по што било утврдено дека тој го пропушта турнирот.
„Ве известуваме дека денес се направени последните испитувања на Велко Маркоски, направено е КТ на окото и ЕХО на окото. По добиените резултати, препорака на докторот е дека Велко Маркоски ќе треба да паузира 2-3 недели. На Велко Маркоски му посакуваме брзо опоравување“, соопштија од РФМ.
Европското првенство почнува утре и ќе се игра во Австрија, Норвешка и Шведска. Македонија е во групата „Б“ заедно со репрезентациите на Чешка, Австрија и Украина.