Македонските ракометари со 29:28 ја совладаа селекцијата на Црна Гора во второто коло од Европското ракометно првенство кое што се игра во Загреб.
Нашите избраници на полувремето имаа негатива од еден разлика, 16:15.
Во вториот дел тимот на Раул Гонзалез успеа да се врати и стигна до победата.
Кузмановски со пет гола беше најефикасен на мечот, зад него беа Лазаров, Манасков и Талески со по четири погодоци. Во последното коло од групната фаза Македонија силите ќе ги одмери со Германија.
Со оваа победа Македонија обезбеди пласман во втората фаза и во моментов се наоѓа на првата позиција во групата Ц со 4 поени, пред Германија со 3, Словенија со 1 и Црна Гора, која е последна без поени.