Македонија го победи Косово и дојде на чекор од историски пласман на Европското првенство

Од:

Македонската фудбалска репрезентација го доби вечерашното соседско дерби против Косово на арената „Тоше Проески“ со 2:1 и избори пласман во финалето на плејофот во Лигата на нациите, каде ќе ги одмери силите со Грузија.

Македонија одигра одлично прво полувреме, а поведе уште во 16 минута од мечот, со автоголот на косовскиот фудбалер Бенјамин Кољоли, по ударот на Стефан Ристовски.

Гостите израмнија 13 минути подоцна преку Хадерѓонај, кој искористи едно големо недоразбирање меѓу Димитриевски и Велковски. Сепак, Дарко Велковски во 33 минута со одличен удар со глава го постави конечниот резултат, кој ѝ донесе голема победа на Македонија.

До крајот македонскиот состав ја задржа предноста, иако имаше шанси за погодок и на двете страни.

Грузија, која вечерва ја совлада Белорусија со 1:0 на домашен терен, исто како и Македонија и Косово, го брка својот прв пласман на едно големо фудбалско натпреварување.

Нашата репрезентација оваа година веќе играше еден меч со Грузија во Лигата на нациите на УЕФА, кога на гости одигравме 1:1.

Големото финале за пласман на Евро2021 ќе се игра на 12 ноември на стадионот „Борис Паичадѕе“ во Тбилиси.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска