Македонија ги дозна противниците во претквалификациите за Евробаскет 2021

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација ќе се бори за пласман во квалификациите за Европското првенство 2021 година против Словачка и против Швајцарија, беше одлучено денеска со ждепка во Минхен.

Македонија беше сместена во првиот „шешир“ заедно со Ерменија и Португалија. Ждребот посака „црвено-жолтите“ да играат во групата А со две селекции од кои едната не успеа да ги мине претквалификациите за СП 2019.

Натпреварите започнуваат во ноември.

Другите две групи ги сочинуваат:

Б-група: Ерменија, Албанија и Данска.

Ц-група: Португалија, Кипар и Луксембург.

Победниците од трите групи ќе играат во квалификациите за Европското првенство.

Би можело да ве интересира

Македонските кошаркари поразени на стартот на евроквалификациите во Перм

Жарко Настоски

Втор пораз за македонските кошаркари во евро-квалификациите

Ана Ололовска

Тодоров: Способни сме за 40-45% шут за три поени

Ана Ололовска

Базаревич ги додаде Трушкин и Боломбој за дуелот со македонската репрезентација

Ана Ололовска

Македонските кошаркари со порака од Русија: Една загубена битка не значи и загубена војна

Ана Ололовска

На дуелот со Русија, Ефремовски на местото на Димитријевиќ

Ана Ололовска