Македонија домаќин на Норвешка на 11 ноември во Скопје

Од:

Македонската фудбалска репрезентација на 11 ноември ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Норвешка на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Против репрезентацијата на Норвешка досега „црвено-жолтите“ имаат одиграно три меѓусебни дуели. Во квалификациите за СП 2010 година средбата заврши нерешено без голови (0:0) во Скопје, додека на гостувањето во Осло, Норвежаните победија со 2:1.

Во 2013 година на пријателски натпревар во Осло, домаќините победија со 2:0.

На октомвриската ФИФА рејтинг листа, Македонија е на 85. место, додека Норвешка е рангирана на 58. позиција

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска