Македонија домаќин на квалификациски турнир за фудбалери до 17 години

Од:

Репрезентациите на Македонија, Белгија, Полска и Бугарија составени од играчи до 17 години ќе бидат дел од квалификацискиот турнир кој се одржува во нашата земја за пласман во елитната рунда квалификации за Европското првенство.

Македонија првиот натпревар ќе го одигра утре против селекцијата на Полска. Дуелот се игра на главниот терен во комлексот „Куќа на фудбалот“.

Селекторот Јетон Несими смета дека Македонија има реална шанса да биде дел од двете најдобри селекции кои ќе влезат во елитната квалификациска група за пласман на Европско првенство.

– Веќе сме во финална фаза од подготовките. Неколку дена работиме со 23 фудбалери, од нив 18 ќе го понесат товарот на турнирот. Нашата група е исклучително тешка. Белгија е голем фаворит, репрезентација која ќе биде многу тешко да се изненади. Ние отвораме против Полска и тој натпревар е многу важен за Македонија. Радува тоа што младите играчи ги одработија подготовките на високо ниво. Тие се свесни за предизвикот кои го имаат пред себе и се надевам дека трудот ќе ни се исплати. Работевме напорно, се надевам дека тоа ќе биде доволно да освоиме бодови за едно од првите две места во групата, истакна Несими.

Во 1.коло во другиот дуел ќе играат Бугарија – Белгија.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска