Македонија доби „Куќа на фудбалот“

Од:

Во присуство на Мишел Платини, претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), денеска  беше отворен новиот комплекс на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), наречен „Куќа на фудбалот“, a изграден со средства добиени од УЕФА и со помош на Владата.

Новиот фудбалски центар содржи нова зграда каде ќе биде сместена ФФМ, и четири терени кои ќе се користат за тренинзи на националните селекции. Во состав на центарот има и мал стадион со капацитет од околу 3.000 гледачи.

На свеченоста присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој оцени дека изградбата на комплексот „Куќа на фудбалот“ е уште една инвестиција што ќе им користи на спортистите и што докажува  дека фудбалот и спортот се едни од највисоките приоритети на Владата.

– Капитален проект „Куќа на фудбалот“ е дел од интензивното вложување во спортот. Во интерес на проектот заедно со општина Аеродром и Град Скопје се направени ослободувања околу потребните давачки. Од Владата се инвестираа 780 илјади евра за четирите фудбалски терени, а со поддршката од УЕФА се изгради новата зграда на ФФМ, посочи Груевски.

На новиот тренинг центар, укажа, ќе можат да се подготвуваат сите репрезентативци од македонските фудбалски селекции, а исто така и фудбалските надежи од Спортската академија.

Според Груевски, во Македонија е нопходно инвестирање во спортска инфраструктура и е возможно на сегашните спортисти да им се обезбедат колку што е можно подобри услови.

– Да им помогнеме на спортските работници и клубовите во блиска иднина она што се мисли дека е тешко остварливо да стане возможно, а тоа е македонските репрезентативци во сите спортови да постигнуваат врвни резултати, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска