Македонци ќе го судат натпреварот Виган – Марибор

Од:

Македонска судиска петорка ќе ја дели правдата на натпреварот од фудбалската Лига на Европа меѓу домашниот Виган и Марибор.

Главен судија ќе биде Александар Ставрев, а негови асистенити на покрај аут линијата ќе бидат: Марјан Кировски и Дејан Костадиновски, додека зад головите се делегирани Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски.

Судија кај резервните клупи ќе биде Дејан Неделковски.

Ставрев беше првиот македонски судија кој делел правда во Англија, во Лига Европа го судеше мечот Челзи – Спарта Прага.

Македонија ќе има свој претставник и помеѓу контролорите кои ги делегира ФИФА и УЕФА, соопштуваат од ФФМ.

Емил Божиновски е делегиран за контролор на квалифиакциски турнир во Кан (Русија). Покрај домашниот состав на овој турнир ќе учестуваат уште: Украина, Естонија и Малта.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска