Мајкл Фелпс стигна до 21. олимписко злато

Од:

Американскиот пливач Мајкл Фелпс со двете први места на ноќешните трки од пливачките натпревари на Игрите во Рио, стигна до бројката од 21 златен олимписки медал.

Фелпс триумфираше во трките на 200 метри пеперутка и беше дел од американската штафета 4 х 200 метри слободно.

Во трката на 200 метри покрај Фелпс на подиумот се најодоа и Масато Сакаи од Јапонија (сребро) и Тамаш Кендереши од Унгарија (бронза). Олимпискиот шампион од Лондон Чад Ле Клос (Јужна Африка) го освои четвртото место.

Во штафетата на САД, покрај Фелпс, до златниот медал допливаа уште и Конор Дваер, Францис Хас и Рајан Лохти. Среброто им припадна на пливачите од Велика Британија, а бронзата на Јапонците.

Доминацијата на американските пливачи ноќеска ја надополни и Катлин Ледеки, која победи во трката на 200 метри слободно. Сара Сјостром од Шведска го освои второто место, а трета заврши Ема Меккеон од Австралија.

Третиот златен медал на Игрите во Рио го освои Унгарката Катинка Хосу во трката на 200 метри мешано и сега има шанси да биде најуспешна на Игрите. Среброто го освои Британката Сибон О‘Конор, а бронзата и припадна на Американката Медлин Дирадо.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ