Мајкл Џордан: Не можам повеќе да молчам

Од:

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Мајкл Џордан, порача дека повеќе не може да молчи во врска со жестоките тензии меѓу афроамериканците и полицијата во САД, донирајќи два милиона долара за две здруженија.

„Тажен сум и фрустриран поради поделбите и расните тензии што во последно време стануваат полоши и полоши. Знам дека оваа земја е многу повеќе од тоа и не можам повеќе да молчам. Мораме да најдеме решение за луѓето со црна кожа да имаат еднаков и праведен третман, а полицајците, кои ги ризикуваат животите за да нé заштитат, да имаат поддршка и почитување“, напиша легендарниот Мајкл Џордан во отворено писмо објавено во американските медиуми.

Расните тензии во САД дополнително пораснаа на почетокот од јули кога полицајци убија двајца афроамериканци во сојузните држави Луизијана и Миенсота, а потоа во два одмазнички напади беа убиени вкупно осум полицајци во Далас и во Батон Руж.

Човекот кој со Чикаго Булс освои шест титули во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, во писмото изразува надеж дека во американското општество ќе се случат „конструктивни промени и мирен меѓурасен дијалог“.

Тој донираше два милиона долари на двете асоцијации кои го промовираат разбирањето меѓу полицајците и граѓаните.

„Таа сума не е доволна да се решат проблемите, но се надевам дека ќе помогнат работите да се променат на подобро“, додава Џордан.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ