Мајами со 50-та сезонска победа, 21-ва по ред

Од:

Шампионот во НБА лигата Мајами ја оствари и 21.победа во серија и сега ги напаѓа рекордите на Лос Анџелес Лејкерс – 33 победи (1971/72 година) во серија и на Хјустон 22 (2008 година). За Мајами ова беше 50-та победа сезонава, колку што има Сан Антонио.

Секој од ударното трио на Мајами постигна повеќе од 20 поени: Леброн Џејмс – 28, Крис Бош – 28 и Двејн Вејд – 20.

Победа која ги зголемува шансите за плеј офот постигна Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето кај Индијана. Коби Брајант не постигна поен откако се повреди на претходниот дуел со Атланта, но затоа Двајт Хауард имаше 20 поени и 12 скока.

Резултати од ноќешните натпревари: Торонто – Шарлот 92:78, Вашингтон – Њу Орлеанс 96:87, Индијана – Лос Анџелес Лејкерс 93:99, Атланта – Феникс 107:94, Хјустон – Минесота 108:100, Оклахома Сити – Орландо 117:104, Милвоки – Мајами 94:107, Далас  – Кливленд 96:86, Денвер – Мемфис 87:80 и Голдн Стејт – Чикаго 95:113.

Двојки за вечерва: Вашингтон – Феникс, Шарлот – Бостон, Филаделфија – Индијана, Сан Антонио – Кливленд, Јута – Мемфис и Портланд – Детроит.
Пласман Источна конференција: Мајами 50-14 (победи-порази), Индијана 40-25, Њујорк 38-25, Бруклин 38-27, Чикаго 36-29, Атланта 36-29, Бостон 35-29, Милвоки 32-32,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 50-16, Оклахома Сити 49-17, Мемфис 44-20, Лос Анџелес Клиперс 45-21, Денвер 45-22, Голден Стејт 37-30, Хјустон 36-30, Лос Анџелес Лејкерс 35-32, Јута 33-32,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите