Американскиот професионален боксер Флојд Мејведер, кој е еден од најплатените спортисти во светот, вложи неверојатни 5,9 милиони долари на победа на Мајами хит во мајсторката против Индијана.
„Жешките“ му го удвоија влогот на Мејведер, кој е популарен по прекарот „Пари“, и е страстен коцкар. Тој се обложил на победа на Мајами со хендикеп од 7 поени, а актуелниот НБА шампион славеше со 23 поени разлика (99-76), и се пласираше во големото финале, каде ќе се сретне против Сан Антонио.