Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку се вратил во Белгија за медицински консултации со тимот во неговата репрезентација пред Светското првенство во Катар, зголемувајќи ги шпекулациите дека ќе сака да се „штеди“ пред големото натпреварување.
29-годишниот Лукаку се врати на теренот минатата недела по паузата поради мускулна повреда, но повторно паузираше во мечот против Баерн Минхен со новпроблем. Според „Скај спортс Италија“, тој сметал дека најдобрите совети ќе ги добие од лекарите во националната репрезентаација, и сигурно нема да биде достапен на Симоне Инзаги за неделното дерби против Јувентус во Торино.
Ова значи дека тој најверојатно нема да се врати во составот на „нераѕурите“ до крајот на Светското првенство.
Извор: Топспорт