Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ стана херој на Реал Мадрид во победата од 2:1 над Валенсија во одложениот натпревар од 12. коло на Примера, бидејќи постигна гол кој навести пресврт, а воедно влезе и историјата на клубот како најстар стрелец досега за „кралскиот клуб“.
Реал уште еднаш покажа зошто е Реал и зошто е еден од најголемите клубови во светот.
Кога се чинеше дека се е загубено, бидејќи Валенсија водеше со 1:0, а Мадрид промаши пенал, па згора на тоа, Винисиус јуниор доби црвен картон затоа што удри нашиот Столе Димитриевски – на сцена стапи најдобриот фудбалер на нашите простори, Лука Модриќ.
Тој влезе во игра во 80. минута на местото на Дани Себаљос, а само пет минути на теренот му беа доволни да го врати Реал во игра.
Брилијантно истрча во просторот, искористи додавање од Белингем и го матираше Димитриевски.
Со тој гол Модриќ ја испиша историјата на клубот од Сантијаго Бернабеу. Тој стана најстариот стрелец во официјалното натпреварување, претекнувајќи го легендарниот Ференц Пушкаш.
Во својот 561. натпревар за Реал, Модриќ го постигна својот 40. гол, а овој гол го постигна на 39 години и 116 дена, со што го престигна претходниот рекордер, унгарски фудбалер Ференц Пушкаш, кој беше рекордер на возраст од 39 години и 15 дена.
Исто така, со 561. меч во дресот на Реал, Модриќ го израмни рекордот на двете клупски легенди Хозе Мартинез Пири и Мичел и се запиша во листата на топ 10 играчи со најмногу натпревари.
– Секогаш е убаво да се соборат некои рекорди. Достигнувањето на тој број на натпревари и легендите како Пири и Мичел е нешто на што сум горд – рече Модриќ.
„Се чини дека работите стануваат потешки кога ќе почнеме да реагираме и да покажеме дека веруваме. Тоа е сè што ве учи овој клуб, никогаш да не се откажувате. Имавме многу вакви ноќи. Многу е убаво да се победи вака. Би сакале порано да ги решаваме натпреварите и да играме подобро, но да знаеш дека вака можеш да победиш ти дава огромна самодоверба“ – изјави Лука Модриќ.