Италијанскиот новинар Танкреди Палмери го објави во својот Твитер профил пласманот по освоени поени за „Златната топка“.
Победник е хрватската ѕвезда Лука Модриќ, кој ја освои највредната индивидуална фудбалска награда со 753 поени.
Ballon d'Or 2018:
1.Modric 753 pt
2.Cristiano 476
3.Griezmann 414
4.Mbappé 347
5.Messi 280
6.Salah 188
7.Varane 121
8.Hazard 119
9. De Bruyne 29
10.Kane 25
11.Kanté 24
12.Neymar 19
13.Suarez 17
14.Courtois 12
15.Pogba 9
16.Aguero 7
17.Bale, Benzema 6
19.Firmino, Rakitic, Ramos 4— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) December 3, 2018
Кристијано Роналдо, петкратниот добитник на наградата е втор со 476, а третото место е за светскиот првак Антоан Гризман, кој освои 414 поени. Во топ 10 се Килијан Мбапе, Лионел Меси, Мохамед Салах, Рафаел Варан, Еден Азар, Кевин де Бруин и Хари Кејн. Со ова се става крај на доминацијата на Роналдо и Меси, кои беа на врвот во последните десет години.
Малку потоа листата излезе и на страната на мадридскиот весник „АС“, каде исто така објавија дека Модриќ е носител на „Златната топка“ за 2018 година.