Сповенецот Лука Дончиќ е избран за најкорисен играч на шпанскиот кошаркарски шампионот, со што стана најмладиот МВП играч во историјата на АЦБ лигата.
Ова е втора индивидуално признание за Дончиќ годинава, откако беше прогласен и за најкорисен играч во Евролигата на Ф4 турнирот во Белград.
Дончиќ го доби признанието најкорисен играч во AЦБ лигата, каде што постигнуваше во просек 12,8 поени, 5,7 асистенции и 5 скокови по натпревар. Дончиќ во просек имаше индекс на корисност од 19,3.
Тој со своите 19 години, два месеци и 28 дена е најмладиот добитник на ова признание.
Претходниот најмлад добитник на оваа награда исто така доаѓа од Балканот. Станува збор за Црногорецот Никола Миротиќ, кој стана МВП на возраст од 22 години.