Почина кошаркарот Дејан Милојевиќ

Од:

Легендарниот кошаркар и тренер Дејан Милојевиќ почина на 46-годишна возраст како последица на срцев удар.

На Милојевиќ му се слошило ноќта меѓу вторникот и средата во ресторан во Солт Лејк Сити, каде што бил со својот клуб Голден Стејт Вориорс.

Натпреварот меѓу Јута и Голден Стејт е одложен.

Познатиот српски стручњак бил пренесен во болница, каде му била извршена операција. За жал, лекарите не можеа да го спречат најлошото.

Милојевиќ е роден во 1977 година во Белград. Играше за Беовук, ФМП, Будуќност, Партизан, Валенсија, Галатасарај, а кариерата ја заврши во Партизан каде се врати во 2009 година.

Тренерската кариера ја започна во 2012 година во Мега, каде остана до 2020 година. Потоа мина една година во Будуќност од Подгорица, за во 2021 година да замине во Америка, поточно во Голден Стејт Вориорс каде му беше помошник на првиот тренер. Со овој тим тој стана шампион во НБА во 2022 година.

Би можело да ве интересира

Почина новинарот Петар Ѕалев

Ин мемориам: Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ

Почина Шенон Доерти, ѕвездата од „Беверли Хилс“

Почина албанскиот писател Исмаил Кадаре

Катерина Ѓуровски

Почина поранешниот пратеник Миле Андонов од Кочани

Почина таткото на Тоше Проески

Орце Костов