(ВИДЕО) Се појави снимка од претепувањето на Алексеј Швед: Фрактура на череп и губење на меморијата, хулигани го унаказија Русинот

Од:

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алексеј Швед, беше нападнат од хулигани во главниот град на Русија.

По хоспитализацијата и престојот во болница, лекарите му дијагностицираа на Алексеј Швед фрактура на черепот и губење на меморијата.

Според лекарот, Алексеј Швед се здобил со повреди опасни по живот – фрактура на темпорална коска, отворена краниоцеребрална повреда, фрактура на основата на черепот и амнезија – губење на меморијата. Ова го пренесува Москва Комсомолец.

Инцидентот се случил во еден од рестораните во Москва вечерта на 1 мај. Швед излегол со сопругата и пријателите. Во исто време, во друга хала на ресторанот, се веселеле голема и бучна група луѓе од Кавказ, кои славеа роденден. Конфликтот меѓу двете страни се случил во ходникот на ресторанот.

Швед прво влегол во кавга, а потоа и во конфликт со петмина мажи од Кавказ, кои почнале да го малтретираат. Тие излегле на улица, а потоа вербалниот конфликт прераснал во физички. Се се случило во 23 часот и 15 минути, како што забележале камерите. Кошаркарот бил удрен и паднал на асфалтот, со глава удрил во тротоарот, обилно крварел од главата и увото.

Напаѓачите сакале да го „довршат“ кошаркарот, но на помош дошол персоналот од ресторанот. Наводната група напаѓачи досега не била видена во ресторанот. Полицијата трага по петмина напаѓачи, а Алексеј Швед не бил во алкохолизирана состојба.

Би можело да ве интересира

Почина кошаркарот Дејан Милојевиќ

Кошаркар на Филаделфија e повреден од автомобил додека минувал улица

Познат руски кошаркар е тешко повреден во Москва

Горан Наумовски

Хулигани нападнаа еден од најдобрите европски кошаркари, тој поради повреди заврши во болница

Горан Наумовски

Швед ја заврши репрезентативната кариера

Ана Ололовска

Лука Дончиќ избран за најдобар кошаркар во Шпанија

Ана Ололовска