Ди Монтеѕемоло го напушта Ферари

Од:

Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло го најави своето пензионирање од компанијата.

67-годишниот Италијанец напушта по 23 години на функцијата и вкупно 41 година, во кои бил дел од најуспешниот тим во историјата на Формула 1.

Ди Монтеѕемоло ќе биде наследен од главниот извршен директор на Фиат, Серџо Маркионе. Промената ќе стане официјална на 13 октомври.

Причината за одлуката на Ди Монтеѕемоло се промените во организацијата и планираното излегување на њујоршката берза. Италијанецот изјави дека настапува сосема нова и различна фаза од развојот, која според него треба да биде предводена од извршниот директор на компанијата мајка.

“Ова е крај на една ера, па решив да ја напуштам својата позиција како претседател по 23 прекрасни и незаборавни години во прилог на оние, поминати кај Енцо Ферари уште од почетокот на 70-тите”, изјави Ди Монтеѕемоло.

“Прво и најважно, сакам да им се заблагодарам на сите мажи и жени, кои работеле во Ферари – од фабриката од канцелариите, од патеките, до продавниците ширум светот. Тие се вистинските архитекти на грандиозниот раст на компанијата, на нејзините незаборавни победи и на нејзиното претворање во еден од најсилните брендови во светот. Благодарам на сите наши партнери и на верните фанови кои секогаш не поддржуваа со голем ентузијазам, особено во најтешки години за “скудеријата”, додаде тој.

Италијанецот започнува со работа како асистент на Енцо Ферари во 1973 година, а една година подоцна станува шеф на тимот од Формула 1, кој станува светски шампион кај конструкторите во 1975, 1976, 1977, 1979, 1982 и 1983 година.

Во 1976 година станал директор на сите тркачки активности во Фиат, а една година подоцна станува и главен менаџер на компанијата. Во ноември 1991 година претседателот на Фиат, Џани Ањели го именува Ди Монтеѕемоло за претседател на Ферари.

Помеѓу 1999 и 2008 година “скудерија” заработува осум светските титули кај конструкторите и шест кај пилотите, откако претходно во текот на 16 години не успева да ја освои првата и 20 години – втората.

“За мене беше огромна привилегија и чест да биде лидер на најубавата компанија во светот. Секогаш сум го посветувал целиот свој ентузијазам на неа. Заедно со моето семејство, таа продолжува да е најважното нешто во мојот живот. Им посакувам на сите акционери, особено на Пјеро Ферари, кој секогаш бил до мене, како и на сите во компанијата уште многу успешни години, какви што Ферари заслужува”, заврши ди Монтеѕемоло.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он