Англискиот репрезентативец Лук Шо тешко се повреди по судирот со Дани Карвахал на натпреварот против Шпанија од Лигата на нации.
Шо падна на главата и остана неподвижно да лежи на теренот, по што веднаш беше пренесен во болница.
Инцидентот предизвика загриженост кај навивачите, но денеска фудбалерот преку својот Твитер профил соопшти дека се чувствува добро.
– Ви благодарам за целата љубов и поддршка. Јас сум добро и во најдобрите раце. Борец сум и наскоро ќе се вратам, напиша Шо.
Шпанија ја победи Англија со 2:1 на гостувањето во Лондон. За англиската репрезентација ова е прв пораз по 2007 година на „Вембли“, а воедно на натпреварот Луис Енрике дебитираше како селектор на шпанската клупа.