Британецот Луис Хамилтон ја освои втората шампионска титула во кариерата во Формула 1.
Тој со болидот на Мерцедес стигна до посакуваната победа на трката за големата награда на Абу Даби возена на патеката Јас Марина, 11-та за него оваа сезона.
Меѓутоа разочара неговиот тимски колега Нико Розберг кој имаше проблеми со болидот и не успеа да ја заврши трката на посакуваното прво место, а тој беше негов противкандидат за титулата, кој не заврши во бодови воопшто.
Британскиот возач на крај сосема заслужено триумфираше во Абу Даби, искачувајќи се на највисокото место на пиедесталот пред Маса и Ботас од Вилијамс, зад кои се најдоа Рикардо, Батон и Хулкенберг, додека Розберг на крајот и покрај сите проблеми сепак успеа да ја заврши трката освојувајќи го 14. место.
Титулата на Луис е апсолутно заслужена ако се знае дека тој триумфираше на дури 11 трки сезонава, успевајќи да надмине негатива од 30 бода што во еден момент ја имаше зад Розберг. На крајот, тој освои вкупно 388 бода, издвојувајќи се во генералниот пласман пред Розберг и третопласираниот Рикардо.