Луис Хамилтон снима албум

Од:

Ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека по автомобилизмот, негова најголема страст е музиката, откривајќи при тоа дека голем дел од оваа година го минал во студио каде го снима својот деби албум.

– Оваа година многу пишував песни, дури и кога имав тренинг на Формула, изјави Хамилтон за Би-Би-Си.

Тој додава дека музиката е негова „голема страст“ и дека го опушта, нагласувајќи оти смета дека „не постои ништо поубаво од тоа човек да се занимава со работа што ја сака“.

– Додека бев во Јапонија, од понеделник до среда бев во студио, а времето од четврток до недела го минував на патеката за тркање. По возењето веднаш се враќав во студиото. Сепак музиката засега ми е само хоби, иако на пишувањето песни му приоѓам со голема сериозност, вели Хамилтон.

Пред две години, беше објавено дека Хамилтон во соработка со раперот Џеј Кол снимил цел Ар’ен’Би албум, но дека не планира негово објавување.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он