Лучиќ и Цветковски се разделија со МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Српскиот интернационалец Урош Лучиќ и македонскиот младински репрезентативец Андреј Цветковски повеќе не се членови на МЗТ Скопје, откако спогодбено ја прекинаа соработката со клубот од Аеродром.

Двајцата изминатото лето дојдоа, односно се вратија во сино-белиот тим, но откако не се изборија за посакуваната минутажа побараа да си заминат и среќата да ја пробаат во друга средина.

Лучиќ, кој во АБА-лигата настапи на осум средби со просек од 7,8 поени и 2,5 скока, а во Еврокупот на три меча просечно реализираше по 10,3 поени, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Романија каде што настапуваше во минатата сезона.

Цветковски, пак, кој во АБА-лигата шанса доби на еден меч, а во Еврокупот на две средби со вкупно постигнати седум поени, во продолжение од сезоната ќе настапува за гевгелиски Кожув, каде што со оглед на конкуренцијата сигурно ќе има поголема минутажа, а со тоа и шанса за напредок.

– Управата на МЗТ Скопје Аеродром на двајцата играчи им се заблагодарува на тоа што досега вложиле во клубот и им посакува се најдобро во понатамошната кариера, соопштија од таборот на македонскиот шампион.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он