Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа петтиот пораз (87:97) во деветтиот меѓусебен меч со Крка, откако одиграа две дијаметрално спротивни полувремиња на гостувањето во Ново Место во рамки на 9. коло од АБА-лигата.
„Металците“ почнаа добро, имаа и плус 11 во првата четвртина (27-16) како и контрола врз играта и резултатот до крајот на полувремето. Во третата четвртина, словенечкиот тимпостигна 31, а прими само 18 поени и дојдоа до убедливи 63:49, кои умешно ги одржуваа до самиот крај.
Разликата во бројот на скокови (23-28) како и релативно големиот број загубени топки (17), од кои две третини беа во второто полувреме, се покажаа како клучни фактори за седмиот пораз на македонскиот шампион во регионалното натпреварување.
Даниел Кларк со 16 поени, шест скока и по две украдени топки и асистенции и Стефан Синовец со 16 поени и осум асистенции беа најзабележителни кај МЗТ Скопје Аеродром. Ксавиер Темс постигна 15, Сулејман Диабате 14, а Јуре Лалиќ 13 поени.
Следниот дуел од АБА лигата МЗТ ќе го има в петок против тимот на ФМП во рамки на 10. коло.