Поранешниот селектор на Северна Ирска, Лори Санчез, го сподели своето мислење за тоа дали Ливерпул би можел да биде прогласен за победник во Премиер лигата, доколку не заврши сезоната.
– Мислам дека Ливерпул може да се прогласи за шампион, но тогаш секогаш ќе мора да ги сметате за шампиони со ѕвездичка. Иронијата е дека Јирген Клоп пред сè беше поборник за зимска пауза, а по оваа пауза Ливерпул изгуби импулс, дојде до рецесија. Да немаше пауза, тие веќе ќе го имаа освоено првенството.
Ако сезоната не се искористи, мислам дека никој нема да биде против признавањето на Ливерпул како шампион, затоа што тие водат со огромна разлика, но оваа стигма ќе остане засекогаш, затоа што тие не поминаа целта, изјави Санчез.