ЛОИ 2020: Мечка се појави во близина на стадионот пред натпреварот во софтбол Јапонија – Австралија

Од:

Пред мечот во софтбол Јапонија – Австралија на Летните олимписки игри во 2020 година во Токио, во близина на стадионот беше видена мечка.

Полициски службеник го забележал животното на кое набрзо му се изгубила трагата.

Подоцна се покажа дека црна азиска мечка била видена во паркот близу стадионот и претходниот ден. Сите чувари кои работеле во таа област биле испратени во потрага по животното, но мечката не била пронајдена. Чуварите вклучиле гласна музика, организирале и огномет за да го исплашат ѕверот, но залудно.

Појавата на мечки во градовите во Јапонија не е невообичаена. Дивите животни често напаѓаат луѓе. На пример, пред еден месец, кафеава мечка нападна минувач и војник во Сапоро, каде што ќе се одржи маратонот во Токио 2020 година. Двајцата се хоспитализирани со повреди.

Би можело да ве интересира

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска

САД останаа без медал за прв пат од враќањето на тенисот на Олимпијадите

Ана Ололовска

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Ана Ололовска

ОИ: Максимални четири победи за ракометарите на Франција

Ана Ололовска

Кина и Јапонија прво според медалите по шестиот ден на Олимпијадата

Жарко Настоски