Во рамките на 29-то коло од англиската Премиер лига, Ливерпул на „Енфилд“ ја прекина одличната серија на Тотенхем и му нанесе пораз со резултат од 3:2 во интересен натпревар со многу пресврти.
Домаќините во 21-та минута први стигнаа до водство преку Суарез, но потоа „петлите“ со двата погодоци на Вертонген дојдоа до пресврт, најпрво во 45-та минута, а потоа во второто полувреме во 53-та минута.
Сепак во 66-та минута Ливерпул се врати во игра на мечот, по грешката на Лорис, а на Даунинг не му беше тешко да го израмни резултатот на 2:2. „Црвените“ од „Енфилд“ до полн плен на овој натпревар стигнаа во 82-та минута од натпреварот, откако Стивен Џерард од пенал ги постави конечните 3:2.
Со оваа победа Ливерпул се искачи на 6-та позиција на табелата и има реални шанси да се пласира во Европа Лигата, додека Тотенхем останува на 3-та позиција со 54 бода.
Во преостанатиот денешен натпревар од ова коло, Њукасл го совлада тимот на Стоук со 2:1.