Ливерпул со нови засилувања

Од:

Англискиот вицешампион Ливерпул ја зголеми листата на засилувања за новата сезона. Ново име во ростерот на менаџерот Брендан Роџерс е Дивок Ориги репрезентативец на Белгија, а според најавите набрзо се очекува и трансфер на Лазар Марковиќ од Бенфика.

Белгискиот репрезентативец Ориги со солидни настапи на Мундијалот во Бразил го сврте вниманието кон себе и од Лил договори трансфер во Ливерпул. Според најавите 19-годишниот напаѓач можно е да остане уште една сезона во Франција како позајмен играч.

Како готов трансфер англиските медиуми го пренесуваат и доаѓањето на Марковиќ во таборот на Ливерпул од португалска Бенфика.

Досега Ливерпул во своите редови ги донесе англиските репрезентативци од редовите на Саутемптон, Рики Ламберт и Адам Лалана, како и Емре Чан од Баер Леверкузен.

По пет сезони пауза „црвените“ оваа сезона ќе играат повторно во Лигата на шампионите.

Инаку, редовите на Ливерпул во овој преоден рок ги напушти најдобриот играч и стрелец од последната сезона од Премиер лигата, Луис Суарез.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска