Премиерлигашот Ливерпул ќе го продава Луис Суарез, а на негово место има намера да го донесе Едисон Кавани, јавија англиските медиуми.
Директен повод за оваа одлука на раководството на клубот од „Енфилд“ е инцидентот на Мундијалот во Бразил во кој Суарез го гризна Кјелини.
Пред почетокот на Светското првенство Суарез беше поврзуван со Реал Мадрид и Барселона, но останува да се види колку шпанските великани ќе покажат интерес за него по неразумниот потег на средбата со Италија.
Во случај да успеат да го продадат Уругваецот, медиумите шпекулираат дека од Ливерпул се спремни за Кавани да понудат 53 милиони евра.
Сонародникот на Суарез во моментов е под договор со францускиот шампион Пари Сен Жермен.