Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул, во првото коло од новата сезона во Премиер лигата ќе се сретне со Лидс, повратникот во елитата за кого настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.
Во исто време, сè уште не се утврдени датумите на уште два натпревари од првото коло, во кои ќе играат Барнли со Манчестер јунајтед, како и Манчестер сити со Астон Вила.
Двојки за 1. коло во Премиер лигата сезона 2020/21:
12 септември:
Кристал Палас – Саутемптон
Фулам – Арсенал
Ливерпул – Лидс
Тотенхем – Евертон
Вест Бромвич – Лестер
Вест Хем – Њукасл;
13 септември:
Брајтон – Челзи
Шефилд Јунајтед – Вулверхемптон;
Неутврден датум:
Барнли – Манчестер јунајтед
Манчестер сити – Астон Вила.