Ливерпул остана непоразен на гостувањето кај Свонси

Од:

На последниот натпревар од 4.коло од Премиер лигата фудбалерите на Ливерпул останаа непоразени откако синоќа на гостувањето кај Свонси одиграа нерешено 2:2.

Во натпревар со пресврти и двете екипи имаа по едно водство. По лошата интервенција на одбраната на Ливерпул, нивниот поранешен играч Џонџо Шелви во 2. минута го отвори резултатот и му донесе водство на Свонси. Но, истиот играч во 4. минута погреши ја врати топката кон својот голман, Даниел Стариџ го пресече додавањето и изедначи на 1:1.

Во 36. минута Шелви повторно греши, а новото засилување на „црвените“ Виктор Мозес пресече на половина од теренот и по соло продорот со прецизен удар надвор од 16-тникот донсе водство за Ливерпул од 2:1. Шелви повторно беше во главна улога и при израмнувањето на домаќините откако одлично му асистираше на Мичу во 64.минута за конечните 2:2.

По 4-то коло двете екипи од Ливерпул се единствените непоразени во досегашниот тек од Премиер лигата. Ливерпул е лидер со три победи и едно реми, додека Евертон е на 9. место со една победа и три нерешени средби.

Табела: Ливерпул 10 бодови, Арсенал 9, Тотенхем 9, Манчестер Сити 7, Манчестер Јунајтед 7, Челзи, Стоук 7, Њукасл 7,.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска