Ливерпул и Стоук ќе ја отворат новата сезона во Премиер лигата

Од:

Со натпреварот Ливерпул – Стоук на 17 август со почеток во 13 часот и 45 минути ќе биде отворена новата сезона во англиската Премиер лига.

Истиот ден од 16 часот ќе се одиграат пет натпревари. Двојките се: Арсенал – Астон Вила, Норвич – Евертон, Сандерленд – Фулам, Вест Бромвич Албион – Саутемптон и Вест Хем – Кардиф.

Шампионот Манчестер Јунајтед од 18:30 ќе му гостува на Свонси со што ќе биде заокружена саботната програма.

Два натпревара од 1.коло ќе се одиграат на 18 август: Кристал Палас – Тотенхем и Челзи – Хул.

Последниот дуел од премиерното коло во Англиското фудбалско првенство ќе го одиграат Манчестер Сити и Њукасл на 19 август во вечерниот термин (21 часот).

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска