Лион го нанесе првиот пораз на ПСЖ во Лига 1

Од:

Лион го нанесе првиот пораз во сезоната на шампионот ПСЖ, откако победи со 2:1 дома во дербито од 23-тото коло на француската Лига 1.

Домаќините стигнаа до успехот, иако заостануваа во резултатот. Капитенот Набил Фекир се претвори во херој за Лион, откако го реализираше победничкиот гол од пенал на почетокот на второто полувреме. Ди Марија отвори за гостите во 7-та минута, а Демебеле израмни во 33-тата.

Дуелот на „Стад де Лумиер“ понуди исклучително спектакуларен фудбал, а на трибините беше и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој пристигна во Франција, за да ги следи „принцовите“, со кои „црвените ѓаволи“ ќе се соочат во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел не направи ниту една промена во почетниот состав во однос на победата над Рен со 4:1 во минатиот круг.

Парижаните настапија без својата најголема ѕвезда Нејмар, а учество во дербито не зеде и Марко Верати.

Би можело да ве интересира

Олимпик од Лион казнет поради неподмирени долгови

Закана за бомба во музеј во Лион, наредена е евакуација

А1он

Лориен му го нанесе првиот пораз на Лион

Франција забрани шкотски навивачи на дуелот Лион – Глазгов Ренџерс

А1он

Шест месеци затвор за хулиганот кој го прекина дербито меѓу Лион и Марсеј

А1он

Почина поранешниот менаџер на Ливерпул Жерар Улие