Фудбалерите на Лион остварија уште една победа во домашното првенство, со која се искачија на првата позиција на табелата, делејќи го тоа место со ПСЖ, кој вечер го игра својот меч, против Марсеј.
Лион денес успеа да слави сигурна победа над Лориен со резултат од 3:1. Први на средбата поведоа гостите со гол во 11-тата минута, но Лисандро Лопез успеа да му донесе израмнување на својот тим.
Второто полувреме и припадна на екипата на Лион која целосно доминираше. Најпрвин Гезал го донесе својот тим во водство, а Мвуемба ги постави конечните 3:1, со кои Лион сериозно му се заканува на ултра-богатиот ПСЖ, кој вечерва го игра својот меч во дербито против Марсеј.