Лингард: Во некои натпревари мислиме дека однапред сме победиле

Од:

Манчестер јунајтед треба да се обиде да игра многу подобро на средбите против тимовите од средината на табелата во Премиер лигата, изјави крилото на „црвените ѓаволи“ Џеси Лингард. Дваесеткратниот шампион на Англија изгуби многу бодови на средбите со скромниот ривал и се на осмото место во пласманот.

– Тоа е доста необично е. Можеби во некои натпревари мислиме дека сме победиле однапред. Мора да бидеме многу постабилни, особено против екипите од средниот ред. Мора да бидеме во расположение како на дуелот против Манчестер Сити и Тотенхем, изјави Лингард за „Дејли мејл“.

„Црвените ѓаволи“ ги совладаа Сити и Тотенхем, но загубија бодови против Кристал Палас, Ватфорд, Њукасл, Евертон, Астон Вила, Вест Хем и Саутемптон.

На 26 декември, Манчестер Јунајтед игра дома против Њукасл.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска