Лилард ќе игра на третиот меч против Лејкерси, повредата не е сериозна

Од:

Тренерот на Портланд, Тери Стотс потврди дека неговиот најдобар кошаркар, Дејмијан Лилард, ќе може да игра на трет натпревар во плеј-офот со Лејкерс.

Лилард го напушти теренот во третата четвртина од вториот меч во серија (88:111) со повреда на левиот показалец.

По медицинскиот преглед и извршената снимка, не е дијагностицирана фрактура на прстот, по што Лилард доби дозвола за настап од клупските лекари.

Третиот натпревар од серијата меѓу Лејкерс и Портланд е закажан за 23 август.

Би можело да ве интересира

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ