Денеска се закажани осум натпревари од Лигата на шампионите, а меѓу поинтересните натпревари е и тој помеѓу Интер и Салцбург.
За разлика од домашното првенство каде Интер често постигнува повеќе голови, воведните два меча од групната фаза ни донесоа два гола 0-2 против Сосиедад на гости 1:1 и против Бенфика на домашен терен каде беше 1:0. Од друга страна, Салцбург досега одигра натпревари со многу помалку голови отколку што можеше да се очекува од екипа која секогаш негуваше офанзивен фудбал, досега победи на гости кај Бенфика со 0:2 и има пораз на домашен терен од Сосиедад со 2:0.
Денеска ќе им недостигаат пет играчи и тоа Фернандо, Секу Коита, Брајан Окох, Лукас Валнер и Џастин Омореги. Овие ривали одиграа пријателски натпревар во август кога беше 4:3 за Интер. Иако досега не покажаа многу кога се работи за напад, тоа се две екипи кои имаат потенцијал за голови, па соодветно се очекува на натпреварот да има од 2 до 4 постигнати голови.